роди
Значење на роди:
1. а) За жена ‒ донесе на свет дете. Таа роди син. Таа роди близнаци. б) За некои животни (ретко, кога нема соодветен збор) донесе на свет младо. Лавицата родила две лавчиња.
2. За растение, дрво, земја ‒ даде плод. Оваа година јаболкницата роди многу јаболка. Крушите родија, а праските ги зафати слана.
3. (прен.) Создаде, даде почеток на нешто. Новите модни движења родија необични модели. Неговите преголеми желби родија болни амбиции.
Коњугација: родат.
Изведени зборови:
- се ~ роди, 1. Дојде на свет; сп. 1. Тој се роди во многу сиромашно семејство. Им се роди внуче. 2. Даде плод. Годинава се роди добро жито. 3. (прен.) За ден, сонце и сл. ‒ излезе, се јави, изгрее. Се роди нов ден. 4. (прен.) Се јави, се создаде. Меѓу младите се роди љубов. Во големата сала се роди нервоза и нетрпение. Подоцна се родило едно трајно пријателство.
Фразеолошки израз / поговорка:
Роди бабо дете ‒ направи нешто невозможно, нешто што не може да се направи. Ќе роди мечка ‒ ќе види многу мака. Роди ме мајко со к'смет, та фрли ме на патот ‒ ако имаш среќа, ќе успееш во животот. Кога ќе роди врбата грозје ‒ никогаш. Кога ќе се роди женско, и стреите плачат ‒ мачен е животот на жената.
Оригинални податоци:
роди, родат св. 1. а) За жена ‒ донесе на свет дете. Таа роди син. Таа роди близнаци. б) За некои животни (ретко, кога нема соодветен збор) донесе на свет младо. Лавицата родила две лавчиња. 2. За растение, дрво, земја ‒ даде плод. Оваа година јаболкницата роди многу јаболка. Крушите родија, а праските ги зафати слана. 3. (прен.) Создаде, даде почеток на нешто. Новите модни движења родија необични модели. Неговите преголеми желби родија болни амбиции. ● се ~ 1. Дојде на свет; сп. 1. Тој се роди во многу сиромашно семејство. Им се роди внуче. 2. Даде плод. Годинава се роди добро жито. 3. (прен.) За ден, сонце и сл. ‒ излезе, се јави, изгрее. Се роди нов ден. 4. (прен.) Се јави, се создаде. Меѓу младите се роди љубов. Во големата сала се роди нервоза и нетрпение. Подоцна се родило едно трајно пријателство. ◊ Роди бабо дете ‒ направи нешто невозможно, нешто што не може да се направи. Ќе роди мечка ‒ ќе види многу мака. Роди ме мајко со к'смет, та фрли ме на патот ‒ ако имаш среќа, ќе успееш во животот. Кога ќе роди врбата грозје ‒ никогаш. Кога ќе се роди женско, и стреите плачат ‒ мачен е животот на жената.