родољубив

Придавка

Значење на родољубив:

1. Што ги сака својата татковина и својот народ. Родољубиви младинци. Родољубиво семејство. Родољубив поет.

2. Што е својствен на родољуб, што е проникнат, исполнет со родољубје. Родољубива песна. Со родољубива содржина. Родољубиво држење.

Членувана форма: родољубивиот.

Изведени зборови:

  • родољубиво, прил. Гордо и родољубиво му пркосеше на непријателот.
  • родољубивост, и. ж.

Оригинални податоци:

родољубив, родољубивиот прид. 1. Што ги сака својата татковина и својот народ. Родољубиви младинци. Родољубиво семејство. Родољубив поет. 2. Што е својствен на родољуб, што е проникнат, исполнет со родољубје. Родољубива песна. Со родољубива содржина. Родољубиво држење. ‖ родољубиво прил. Гордо и родољубиво му пркосеше на непријателот. ‖ родољубивост ж.