родоначалник

Именка, машки род

Значење на родоначалник:

1. Предок од кој го води своето потекло некој род; животно од кое произлегол некој животински вид. Тој станал родоначалник на фамилијата Кузмановци. Домашните говеда водат потекло од два родоначалници.

2. (прен.) Основач на некое движење, на некоја организација; основоположник. Родоначалник на новата македонска поезија.

Множина: родоначалници.

Оригинални податоци:

родоначалник, мн. родоначалници м. 1. Предок од кој го води своето потекло некој род; животно од кое произлегол некој животински вид. Тој станал родоначалник на фамилијата Кузмановци. Домашните говеда водат потекло од два родоначалници. 2. (прен.) Основач на некое движење, на некоја организација; основоположник. Родоначалник на новата македонска поезија.