рог

Именка, машки род

Значење на рог:

1. а) Тврд, шилест израсток на главата на некои животни цицачи. Овен со извиени рогови. Бик со еден скршен рог. Елен со големи рогови. б) Трофеј од убиено животно со такви рогови. На ѕидот висеа еленски рогови. в) Таков или сличен израсток кај некои митолошки суштества или суштества од фолклорот. Еднорог коњ. Ѓаволот го сликаат со рогови.

2. (обично во мн.) Израсток кај други животни (полжави и сл.) и кај некои инсекти. Полжавот ги пуштил роговите.

3. а) Сигнален инструмент во форма на рог. Се чу сигнал од рог. Ловечки рог. б) (муз.) Вид дувачки инструмент. в) Дел од гајдата.

4. (разг.) Подуено место од удар, џумка. На слепоочницата му се појави рог.

5. а) Греда, дел од покривната конструкција на градежен објект. б) Дел од направа, објект во земјоделството за складирање сено и сл.

6. (прен.) Тоа што наликува на рог, зашилен крај на нешто. Рогот на месечината се појави.

7. (арх.) Направа во форма на рог за чување барут.

Множина: рогови.

Изведени зборови:

  • рожиште, и. ср. аугм.
  • рокче, и. ср. дем.;

Фразеолошки израз / поговорка:

Кој бара рогови, ќе ги загуби и ушите ‒ кој бара повеќе отколку што реално може да добие, ќе остане и без тоа што го има. Го фати бикот за рогови ‒ постапи енергично, одлучно, брзо. Во ист рог дуваат ‒ заедно прават, обично не баш многу чесни работи. Се слагаат како рогови во вреќа ‒ никако не се согласуваат, секој прави како што му одговара, а не како што е во интерес на целината. Ќе ти ги скршам роговите ‒ закана, особено кога некој се крева многу на големо. Ако коза лаже, рог не лаже ‒ вистина е тоа што е кажано. Бара рогови ‒ си ја бара бељата. Будалите немаат рогови/улавите не се со рогови ‒ на прв поглед будалите не се разликуваат од нормалните луѓе. Го напика во козји рог ‒ го притисне, го доведе во ситуација да нема простор за дејствување. Волот се врзува за роговите, а човекот за зборовите (посл.) ‒ човекот треба да си стои на дадениот збор. Лаги со рогови ‒ големи лаги видливи со голо око. Му ги скрши роговите ‒ го доведе во ситуација да не може да се брани. Си ги покажа роговите ‒ се покажа во вистинско светло. Му продаде рог за свеќа ‒ го измами. Темно како во рог ‒ многу темно. Набие рогови ‒ изврши неверство во бракот (обично за жена).

Оригинални податоци:

рог, мн. рогови м. 1. а) Тврд, шилест израсток на главата на некои животни цицачи. Овен со извиени рогови. Бик со еден скршен рог. Елен со големи рогови. б) Трофеј од убиено животно со такви рогови. На ѕидот висеа еленски рогови. в) Таков или сличен израсток кај некои митолошки суштества или суштества од фолклорот. Еднорог коњ. Ѓаволот го сликаат со рогови. 2. (обично во мн.) Израсток кај други животни (полжави и сл.) и кај некои инсекти. Полжавот ги пуштил роговите. 3. а) Сигнален инструмент во форма на рог. Се чу сигнал од рог. Ловечки рог. б) (муз.) Вид дувачки инструмент. в) Дел од гајдата. 4. (разг.) Подуено место од удар, џумка. На слепоочницата му се појави рог. 5. а) Греда, дел од покривната конструкција на градежен објект. б) Дел од направа, објект во земјоделството за складирање сено и сл. 6. (прен.) Тоа што наликува на рог, зашилен крај на нешто. Рогот на месечината се појави. 7. (арх.) Направа во форма на рог за чување барут. ◊ Кој бара рогови, ќе ги загуби и ушите ‒ кој бара повеќе отколку што реално може да добие, ќе остане и без тоа што го има. Го фати бикот за рогови ‒ постапи енергично, одлучно, брзо. Во ист рог дуваат ‒ заедно прават, обично не баш многу чесни работи. Се слагаат како рогови во вреќа ‒ никако не се согласуваат, секој прави како што му одговара, а не како што е во интерес на целината. Ќе ти ги скршам роговите ‒ закана, особено кога некој се крева многу на големо. Ако коза лаже, рог не лаже ‒ вистина е тоа што е кажано. Бара рогови ‒ си ја бара бељата. Будалите немаат рогови/улавите не се со рогови ‒ на прв поглед будалите не се разликуваат од нормалните луѓе. Го напика во козји рог ‒ го притисне, го доведе во ситуација да нема простор за дејствување. Волот се врзува за роговите, а човекот за зборовите (посл.) ‒ човекот треба да си стои на дадениот збор. Лаги со рогови ‒ големи лаги видливи со голо око. Му ги скрши роговите ‒ го доведе во ситуација да не може да се брани. Си ги покажа роговите ‒ се покажа во вистинско светло. Му продаде рог за свеќа ‒ го измами. Темно како во рог ‒ многу темно. Набие рогови ‒ изврши неверство во бракот (обично за жена). ‖ рокче, мн. рокчиња ср. дем.; ‖ рожиште, мн. рожишта ср. аугм.