рогат

Придавка

Значење на рогат:

1. Што е со рогови, што има рогови. Рогат добиток. Рогат прч. Рогат овен.

2. Како им. рогатиот (само едн.) м. Ѓавол, сатана.

Членувана форма: рогатиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шут со рогат не може да се бори ‒ в. се бори. Да те земе рогатиот! ‒ да те земе ѓаволот!.

Оригинални податоци:

рогат, рогатиот прид. 1. Што е со рогови, што има рогови. Рогат добиток. Рогат прч. Рогат овен. 2. Како им. рогатиот (само едн.) м. Ѓавол, сатана. ◊ Шут со рогат не може да се бори ‒ в. се бори. Да те земе рогатиот! ‒ да те земе ѓаволот!.