рои се

Глагол, несвршен

Значење на рои се:

1. За пчели и некои други инсекти ‒ создава нов рој, ново пчелно семејство, се размножува. Пчелите се ројат.

2. (прен.) За мисли и сл. ‒ се создава во голем број, надоаѓа. Црни мисли му се ројат. во главата. Од небото снегулки се ројат.

Коњугација: роејќи се, роен , рој се , ројте се , се роеја , се роел , се роеше , се ројат .

Изведени зборови:

  • роење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

рои се, се ројат; рој се, ројте се; се роеше, се роеја; се роел; роен; роејќи се несв. 1. За пчели и некои други инсекти ‒ создава нов рој, ново пчелно семејство, се размножува. Пчелите се ројат. 2. (прен.) За мисли и сл. ‒ се создава во голем број, надоаѓа. Црни мисли му се ројат. во главата. Од небото снегулки се ројат. ‖ глаг. им. роење ср.