рој

Именка, машки род

Значење на рој:

1. Семејство на пчели или на други слични инсекти што се изведени од една матица во иста кошница и што прават одделна заедница. Ројот пчели застана на дрвото. Прифаќањето на ројот се врши уште додека лета или кога ќе застане на некое дрво.

2. (прен.) Множество инсекти во лет. Рој муви. Рој скакулци. Рој оси. Роеви самовилски коњчиња.

3. (прен.) Множество од нешто. Рој ѕвезди. Рој деца истрча од училиштето. Рој снегулки.

Множина: роеви, роја.

Изведени зборови:

  • роиште, и. ср. аугм.
  • ројче, и. ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

рој, мн. роеви, избр. мн. роја м. 1. Семејство на пчели или на други слични инсекти што се изведени од една матица во иста кошница и што прават одделна заедница. Ројот пчели застана на дрвото. Прифаќањето на ројот се врши уште додека лета или кога ќе застане на некое дрво. 2. (прен.) Множество инсекти во лет. Рој муви. Рој скакулци. Рој оси. Роеви самовилски коњчиња. 3. (прен.) Множество од нешто. Рој ѕвезди. Рој деца истрча од училиштето. Рој снегулки. ‖ ројче, мн. ројчиња ср. дем. и хип. ‖ роиште, мн. роишта ср. аугм.