рок 1

Именка, машки род

Значење на рок:

1. Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, да се изврши и сл. Рок за исплата на долгот. Тече рокот за извршување на казната. Течат роковите за пријавување проекти.

2. Крајниот дел од некој период, дел од времето кога нешто достасува да се изврши, да се направи. Денес е рокот за плаќање и за поднесување извештај. Измина рокот за пријавување испити.

3. Временски период, отсечка во времето. Во рок од три дена треба да се заврши ова. Во рок од два часа се смени времето.

Множина: рокови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Воен рок ‒ време што треба да се помине на задолжителна воена обука. Отказен рок ‒ определено време што може или треба да се помине пред да стапи во сила отказно решение.

Оригинални податоци:

рок1, мн. рокови м. 1. Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, да се изврши и сл. Рок за исплата на долгот. Тече рокот за извршување на казната. Течат роковите за пријавување проекти. 2. Крајниот дел од некој период, дел од времето кога нешто достасува да се изврши, да се направи. Денес е рокот за плаќање и за поднесување извештај. Измина рокот за пријавување испити. 3. Временски период, отсечка во времето. Во рок од три дена треба да се заврши ова. Во рок од два часа се смени времето. ◊ Воен рок ‒ време што треба да се помине на задолжителна воена обука. Отказен рок ‒ определено време што може или треба да се помине пред да стапи во сила отказно решение.