рокада

Именка, женски род

Значење на рокада:

1. Во шахот ‒ истовремено преместување на кралот и топот на определени полиња по утврдени правила. Шахистот направи рокада. Мала рокада. Голема рокада.

2. (прен.) Промена, преместување воопшто, заемно менување места, улоги и др. Директорот направи рокада на некои работни места. Училишниот одбор направи неколку рокади на наставници, што се покажа доста успешно.

Множина: рокади.

Оригинални податоци:

рокада, мн. рокади ж. 1. Во шахот ‒ истовремено преместување на кралот и топот на определени полиња по утврдени правила. Шахистот направи рокада. Мала рокада. Голема рокада. 2. (прен.) Промена, преместување воопшто, заемно менување места, улоги и др. Директорот направи рокада на некои работни места. Училишниот одбор направи неколку рокади на наставници, што се покажа доста успешно.