романса

Именка, женски род

Значење на романса:

1. (муз.) Мало вокално дело, обично со лирска содржина. Пееше убаво руски романси во придружба на гитара.

2. (лит.) Кратка лирско-епска песна во која најчесто се воспева некој поведар и повесел настан од секојдневниот живот со љубовни мотиви.

3. (прен.) Нежна романтична љубов, пријатни љубовни доживувања. Нашата романса траеше кратко.

Множина: романси.

Оригинални податоци:

романса, мн. романси ж. 1. (муз.) Мало вокално дело, обично со лирска содржина. Пееше убаво руски романси во придружба на гитара. 2. (лит.) Кратка лирско-епска песна во која најчесто се воспева некој поведар и повесел настан од секојдневниот живот со љубовни мотиви. 3. (прен.) Нежна романтична љубов, пријатни љубовни доживувања. Нашата романса траеше кратко.