романтичен

Придавка

Значење на романтичен:

1. Што се однесува на романти Романтична поема. Револуционерни песни со романтичен пиетет.

2. Што е исполнет со романтизам, со романтика, што е склон кон мечтаење. Таа беше нежна, романтична девојка. Романтична природа. Романтична душа.

Членувана форма: романтичниот.

Изведени зборови:

  • романтично, прил. Романтично го слика минатото. Романтично ѝ изјавува љубов на својата сакана.
  • романтичност, и. ж.

Оригинални податоци:

романтичен, романтичниот прид. Што се однесува на романтизам. Романтична поема. Револуционерни песни со романтичен пиетет. 2. Што е исполнет со романтизам, со романтика, што е склон кон мечтаење. Таа беше нежна, романтична девојка. Романтична природа. Романтична душа. ‖ романтично прил. Романтично го слика минатото. Романтично ѝ изјавува љубов на својата сакана. ‖ романтичност ж.