романтизам

Именка

Само во еднина.

Значење на романтизам:

1. Правец во литературата и во уметноста од крајот на 18 и во почетокот на 19 век, во кој доаѓаат до израз бујните субјективни чувства, индивидуализмот, култот кон природата и интересот за националните јазици и за народната традиција. Епоха на романтизмот.

2. (прен.) Романтично настроение, романтика. Национален романтизам.

Членувана форма: романтизмот.

Оригинални податоци:

романтизам, романтизмот (само едн.) 1. Правец во литературата и во уметноста од крајот на 18 и во почетокот на 19 век, во кој доаѓаат до израз бујните субјективни чувства, индивидуализмот, култот кон природата и интересот за националните јазици и за народната традиција. Епоха на романтизмот. 2. (прен.) Романтично настроение, романтика. Национален романтизам.