рони

Глагол, несвршен

Значење на рони:

1. Одделува зрна од пченка, од од класје и др. Децата ронеа пченка. Со една изроната кочанка тој ги ронеше другите кочани.

2. Троши нешто на ситни парченца (леб, лисја и сл.). Таа на врапчињата им ронеше леб. Со прстите го ронеше сувото нане. Посетителот ронеше од кифлата и им фрлаше на гулабите.

3. За вода ‒ поткопува, разорува, урива дел по дел. Реката полека го ронеше брегот. Морските бранови ја ронеа карпата.

4. (прен.) За солзи ‒ плаче. Таа по цел ден ронеше солзи.

Коњугација: ронат.

Изведени зборови:

  • ронење, глаг. им. ср.
  • се ~ рони, 1. Паѓа едно по друго, последователно (за зрна, за лисје, за цут и сл.). Под копитата на коњите се ронеа зрната пченица. Од дувањето на ветрот лисјата се ронеа. Цутот на јаболкницата се ронеше од ветрот. 2. Се троши на ситни парчиња. Бајатиот леб многу се рони. Сувите лисја шушкаа и се ронеа под нозете на минувачите. Карпата е порозна и се рони. 3. Се поткопува, се разорува, се урива дел по дел. Брегот полека се ронеше од удирањето на силните бранови. Поради големите температурни разлики, карпата се ронеше.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тивка вода брег рони ‒ со упорност и стрпливост се постигнува сè.

Оригинални податоци:

рони, ронат несв. 1. Одделува зрна од пченка, од од класје и др. Децата ронеа пченка. Со една изроната кочанка тој ги ронеше другите кочани. 2. Троши нешто на ситни парченца (леб, лисја и сл.). Таа на врапчињата им ронеше леб. Со прстите го ронеше сувото нане. Посетителот ронеше од кифлата и им фрлаше на гулабите. 3. За вода ‒ поткопува, разорува, урива дел по дел. Реката полека го ронеше брегот. Морските бранови ја ронеа карпата. 4. (прен.) За солзи ‒ плаче. Таа по цел ден ронеше солзи. ● се ~ 1. Паѓа едно по друго, последователно (за зрна, за лисје, за цут и сл.). Под копитата на коњите се ронеа зрната пченица. Од дувањето на ветрот лисјата се ронеа. Цутот на јаболкницата се ронеше од ветрот. 2. Се троши на ситни парчиња. Бајатиот леб многу се рони. Сувите лисја шушкаа и се ронеа под нозете на минувачите. Карпата е порозна и се рони. 3. Се поткопува, се разорува, се урива дел по дел. Брегот полека се ронеше од удирањето на силните бранови. Поради големите температурни разлики, карпата се ронеше. ◊ Тивка вода брег рони ‒ со упорност и стрпливост се постигнува сè. ‖ глаг. им. ронење ср.