ронка

Именка, женски род

Значење на ронка:

1. Сосем мало парченце леб, трошка. По ручекот, ги смете ронките од масата.

2. (прен.) Ситни останки од нешто. За нас останаа само ронки. Немаше во него ни ронка злоба.

Множина: ронки.

Изведени зборови:

  • ронкичка, и. ж. мн. ронкички ; ронче, мн. рончиња ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

До ронка ‒ сè, целосно. Без ронка усет ‒ неосетливо, без чувство за мера. Без ронка срам ‒ бесрамно.

Оригинални податоци:

ронка, мн. ронки ж. 1. Сосем мало парченце леб, трошка. По ручекот, ги смете ронките од масата. 2. (прен.) Ситни останки од нешто. За нас останаа само ронки. Немаше во него ни ронка злоба. ◊ До ронка ‒ сè, целосно. Без ронка усет ‒ неосетливо, без чувство за мера. Без ронка срам ‒ бесрамно. ‖ ронкичка, мн. ронкички ж.; ронче, мн. рончиња ср. дем.