ропски

Придавка

Значење на ропски:

1. Што се однесува на роб, што е својствен на роб. Ропски живот. Ропска душа. Ропска покорност.

2. (прен.) Што слепо, послушно, беспоговорно следи некого или нешто. Ропска послушност.

Членувана форма: ропскиот.

Изведени зборови:

  • ропски, прил. Ропски му се покорува на господарот. Ропски лазат пред своите господари.

Оригинални податоци:

ропски, ропскиот прид. 1. Што се однесува на роб, што е својствен на роб. Ропски живот. Ропска душа. Ропска покорност. 2. (прен.) Што слепо, послушно, беспоговорно следи некого или нешто. Ропска послушност. ‖ ропски прил. Ропски му се покорува на господарот. Ропски лазат пред своите господари.