ропство

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на ропство:

1. (истор.) Состојба, положба на роб. Укинување на ропството. Повеќевековно ропство.

2. Краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, заробеништво. Го ослободи од ропство. Падна во ропство.

3. Целосна потчинетост на туѓа волја, на нечие влијание. Духовно ропство. Економско ропство.

Оригинални податоци:

ропство (само едн.) ср. 1. (истор.) Состојба, положба на роб. Укинување на ропството. Повеќевековно ропство. 2. Краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, заробеништво. Го ослободи од ропство. Падна во ропство. 3. Целосна потчинетост на туѓа волја, на нечие влијание. Духовно ропство. Економско ропство.