роса

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на роса:

1. Водни капки што напролет и во лето, во вечерните и во утринските часови ги покриваат земјата и растенијата. Утринска роса. Сонцето веќе ја крена росата. Пролетна роса.

2. Лесен, летен дожд. Ситна роса да зароси, да се роди жито.

3. (прен.) Капки пот по челото на човек. Го изби роса по челото. Роса пот му го облеа челото.

Изведени зборови:

  • росинка, и. ж. (само едн.), росица (само едн.), росичка (само едн.) дем. и хип. ◊ Чека од бога росица ‒ не прави ништо да си помогне во некоја тешка ситуација, чека проблемот сам да се реши.

Оригинални податоци:

роса (само едн.) ж. 1. Водни капки што напролет и во лето, во вечерните и во утринските часови ги покриваат земјата и растенијата. Утринска роса. Сонцето веќе ја крена росата. Пролетна роса. 2. Лесен, летен дожд. Ситна роса да зароси, да се роди жито. 3. (прен.) Капки пот по челото на човек. Го изби роса по челото. Роса пот му го облеа челото. ‖ росинка (само едн.), росица (само едн.), росичка (само едн.) ж. дем. и хип. ◊ Чека од бога росица ‒ не прави ништо да си помогне во некоја тешка ситуација, чека проблемот сам да се реши.