ротација

Именка, женски род

Значење на ротација:

1. Вртење, кружење на некое тело околу својата оска. Ротација на Земјата околу својата оска. Ротација на триаголник.

2. Наизменично, последователно менување на положба, на функција, измена, смена и сл. Ротација на носителите на јавни функции по истекот на изборниот период. Времето потребно една земјоделска култура да ги помине сите полиња е ротација.

3. (техн.) Вид машина чиишто делови со своето ротирање вршат работа (во земјоделството, во печатарството и др.). Ротацијата веќе го печатеше утринското издание на весникот.

4. Одделение со такви машини особено во печатарството.

Множина: ротации.

Изведени зборови:

  • ротациски, прид. ротацискиот--ротационен, ротациониот Ротациона машина. Ротациона мотика.

Оригинални податоци:

ротација, мн. ротации ж. 1. Вртење, кружење на некое тело околу својата оска. Ротација на Земјата околу својата оска. Ротација на триаголник. 2. Наизменично, последователно менување на положба, на функција, измена, смена и сл. Ротација на носителите на јавни функции по истекот на изборниот период. Времето потребно една земјоделска култура да ги помине сите полиња е ротација. 3. (техн.) Вид машина чиишто делови со своето ротирање вршат работа (во земјоделството, во печатарството и др.). Ротацијата веќе го печатеше утринското издание на весникот. 4. Одделение со такви машини особено во печатарството. ‖ ротациски, ротацискиот/ротационен, ротациониот прид. Ротациона машина. Ротациона мотика.