ротира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на ротира:

1. Врти, заврти нешто во круг (околу оска или околу точка на ротација). Тој го ротираше глобусот и ги бараше земјите што излегувааат на вода. Ученикот ја ротираше отсечката околу точката А. Циркусантот ги ротираше алките околу својата рака.

2. Се врти, се движи во круг (околу оска или околу точка на ротација). Земјата ротира околу својата оска и околу Сонцето. Дискот на ротационата печка ротира.

3. (прен.) Сменува во круг, циклично, меѓусебно. На тренингот тренерот ги ротираше играчите на секои петнаест минути. Премиерот ќе ги ротира министрите во различни ресори.

Коњугација: ротираат , ротирајќи.

Изведени зборови:

  • ротирање, глаг. им. ср.
  • се ~ ротира, Се сврти, се врти, се смени, се сменува. На полувремето ќе се ротираат голманите.

Оригинални податоци:

ротира, ротираат; ротирајќи св. и несв. 1. Врти, заврти нешто во круг (околу оска или околу точка на ротација). Тој го ротираше глобусот и ги бараше земјите што излегувааат на вода. Ученикот ја ротираше отсечката околу точката А. Циркусантот ги ротираше алките околу својата рака. 2. Се врти, се движи во круг (околу оска или околу точка на ротација). Земјата ротира околу својата оска и околу Сонцето. Дискот на ротационата печка ротира. 3. (прен.) Сменува во круг, циклично, меѓусебно. На тренингот тренерот ги ротираше играчите на секои петнаест минути. Премиерот ќе ги ротира министрите во различни ресори. ● се ~ Се сврти, се врти, се смени, се сменува. На полувремето ќе се ротираат голманите. ‖ глаг. им. ротирање ср.