рови

Глагол, несвршен

Значење на рови:

1. Копа земја правејќи бразди, ровови. Со машини ја роват земјата.

2. За река ‒ проширува корито. Надојдената река ровеше сè пред себе, бавчи, ниви, уште малку и патот ќе го фати.

3. (прен.) Пројавува интерес за нешто што е непознато, скриено, тајно. Цел ден ровеше по таванот, по ковчезите на баба.

Коњугација: роват.

Оригинални податоци:

рови, роват несв. 1. Копа земја правејќи бразди, ровови. Со машини ја роват земјата. 2. За река ‒ проширува корито. Надојдената река ровеше сè пред себе, бавчи, ниви, уште малку и патот ќе го фати. 3. (прен.) Пројавува интерес за нешто што е непознато, скриено, тајно. Цел ден ровеше по таванот, по ковчезите на баба.