ровја

Именка, женски род

Значење на ровја:

Гром, секавица, молња; рофја. Се чу далечен татнеж на ровја. Трештила ровја во дабот на ритчето. Ровји трескотеа некаде близу.

Множина: ровји.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како ровја од ведро небо ‒ наеднаш, изненадно се случи нешто лошо. Ровја те трештила! ‒ клетва.

Оригинални податоци:

ровја, мн. ровји ж. Гром, секавица, молња; рофја. Се чу далечен татнеж на ровја. Трештила ровја во дабот на ритчето. Ровји трескотеа некаде близу. ◊ Како ровја од ведро небо ‒ наеднаш, изненадно се случи нешто лошо. Ровја те трештила! ‒ клетва.