розета

Именка, женски род

Значење на розета:

1. Уметнички украс, орнамент во вид на цвет на ружа со стилизирани листови. На таванот имаше голема розета.

2. Лентичка што се закачува на облека како знак за добиено одликување.

3. (архит.) Тркалезно прозорче. Прозорска розета.

Множина: розети.

Оригинални податоци:

розета, мн. розети ж. 1. Уметнички украс, орнамент во вид на цвет на ружа со стилизирани листови. На таванот имаше голема розета. 2. Лентичка што се закачува на облека како знак за добиено одликување. 3. (архит.) Тркалезно прозорче. Прозорска розета.