'рскот

Именка, машки род

Значење на 'рскот:

Звук што се слуша при кршење, при дробење и сл. Од небеси грмна 'рскот. Се чу 'рскот од долот. Слушаше 'рскот, лелек и ѕвекот. Татни 'рскот при летните луњи.

Членувана форма: 'рскотот.

Фразеолошки израз / поговорка:

'Рскот и плускот ‒ голема врева, кршење.

Оригинални податоци:

'рскот, 'рскотот м. Звук што се слуша при кршење, при дробење и сл. Од небеси грмна 'рскот. Се чу 'рскот од долот. Слушаше 'рскот, лелек и ѕвекот. Татни 'рскот при летните луњи. ◊ 'Рскот и плускот ‒ голема врева, кршење.