'рти
Значење на 'рти:
1. За семе ‒ пушта 'ртулци. Посеаното семе напролет ќе 'рти. Во леата бавно 'ртеше засеаното семе.
2. Стави во вода или в земја за да пушти 'ртулци. Пред да го засади, таа го 'ртеше во вода чаталчето од фикусот. Земјоделецот прво го 'ртеше семето, а потоа расадот го пресадуваше.
Коњугација: 'ртат.
Изведени зборови:
- 'ртење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
'рти, 'ртат несв. 1. За семе ‒ пушта 'ртулци. Посеаното семе напролет ќе 'рти. Во леата бавно 'ртеше засеаното семе. 2. Стави во вода или в земја за да пушти 'ртулци. Пред да го засади, таа го 'ртеше во вода чаталчето од фикусот. Земјоделецот прво го 'ртеше семето, а потоа расадот го пресадуваше. ‖ глаг. им. 'ртење ср.