'ртулец

Именка, машки род

Значење на 'ртулец:

1. (бот.) Израсток на растение на самиот почеток на развитокот на новото растение. Нежни 'ртулци на пченица.

2. (прен., обично во мн.) Први пројави на нешто, на некоја појава. 'Ртулците на животот.

Множина: 'ртулци.

Изведени зборови:

  • 'ртулче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

'ртулец, мн. 'ртулци м. 1. (бот.) Израсток на растение на самиот почеток на развитокот на новото растение. Нежни 'ртулци на пченица. 2. (прен., обично во мн.) Први пројави на нешто, на некоја појава. 'Ртулците на животот. ‖ 'ртулче, мн. 'ртулчиња ср. дем.