руба
Значење на руба:
1. Облека, алишта. Девојката била облечена во машка руба. Комитска руба. Облекла калуѓерска руба. Чиста руба. Зетовска руба.
2. Невестинска спрема, чеиз. Невестата донесе многу руба. Невестата ја редеше својата руба во каселата. Сватовите ја товараат невестинската руба.
3. Обичај седум дена пред свадбата роднини на невестата да одат кај момчето со дарови.
Множина: руби.
Изведени зборови:
- рубичка, и. ж. дем. и хип.
- рубиште, и. ср. аугм. и пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Руба краси, руба гнаси ‒ облеката го прави човека.
Оригинални податоци:
руба, мн. руби ж. 1. Облека, алишта. Девојката била облечена во машка руба. Комитска руба. Облекла калуѓерска руба. Чиста руба. Зетовска руба. 2. Невестинска спрема, чеиз. Невестата донесе многу руба. Невестата ја редеше својата руба во каселата. Сватовите ја товараат невестинската руба. 3. Обичај седум дена пред свадбата роднини на невестата да одат кај момчето со дарови. ◊ Руба краси, руба гнаси ‒ облеката го прави човека. ‖ рубичка, мн. рубички ж. дем. и хип. ‖ рубиште, мн. рубишта ср. аугм. и пејор.