румен

Придавка

Значење на румен:

1. За лице, образи и сл. ‒ што е со руменина. Усни румени. Детенце со румени обравчиња.

2. Што е со црвена, златно‒црвеникава боја. Румени јаболка. Румена зора. Румен залез. Румено вино.

Членувана форма: румениот.

Изведени зборови:

  • руменост, и. ж.

Оригинални податоци:

румен, румениот прид. 1. За лице, образи и сл. ‒ што е со руменина. Усни румени. Детенце со румени обравчиња. 2. Што е со црвена, златно‒црвеникава боја. Румени јаболка. Румена зора. Румен залез. Румено вино. ‖ руменост ж.