руменее (се)
Значење на руменее (се):
1. Станува румен, се покрива со руменина. Од срам девојченцето се руменееше пред гостите. Образите ѝ руменееја пред него. Кога е збунета, таа руменее.
2. Се изделува со својата румена боја, се обојува во румена боја. Во далечината се руменееја покривите на куќите. Во полето руменееја булките. На исток руменееше зората.
Коњугација: руменеан, руменеејќи (се) , руменеен , руменеј (се) , руменејте (се) , (се) руменеав, (се) руменеал , (се) руменеат , (се) руменеев, (се) руменеел .
Изведени зборови:
- руменеење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
руменее (се), (се) руменеат; руменеј (се), руменејте (се); (се) руменеев, (се) руменееја; (се) руменеел; руменеен; руменеејќи (се); (се) руменеав, (се) руменеаја; (се) руменеал; руменеан несв. 1. Станува румен, се покрива со руменина. Од срам девојченцето се руменееше пред гостите. Образите ѝ руменееја пред него. Кога е збунета, таа руменее. 2. Се изделува со својата румена боја, се обојува во румена боја. Во далечината се руменееја покривите на куќите. Во полето руменееја булките. На исток руменееше зората. ‖ глаг. им. руменеење ср.