руменило

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на руменило:

1. Румена боја, обично, на лице, на усни и сл. Руменило на усните. Благо руменило ѝ ги обли образите. Лицето му го покри нездраво руменило.

2. Козметичко средство со кое се постигнува оваа боја. Стави руменило на образите.

3. Боја на небо, на сонце и сл. кога изгрева или кога заоѓа. Руменилото на запад го означуваше крајот на денот. Слабо руменило се гледаше по рабовите на небото. Муграта се прелеваше во руменило.

Оригинални податоци:

руменило (само едн.) ср. 1. Румена боја, обично, на лице, на усни и сл. Руменило на усните. Благо руменило ѝ ги обли образите. Лицето му го покри нездраво руменило. 2. Козметичко средство со кое се постигнува оваа боја. Стави руменило на образите. 3. Боја на небо, на сонце и сл. кога изгрева или кога заоѓа. Руменилото на запад го означуваше крајот на денот. Слабо руменило се гледаше по рабовите на небото. Муграта се прелеваше во руменило.