руши

Глагол, несвршен

Значење на руши:

1. Претвора во урнатини, разурнува, урива. Градежните работници ја рушеа старата зграда. Ураганот рушеше куќи, далноводи.

2. (прен.) Прави нешто да пропадне, собори режим, план и др.; побие, обессили. Тој му ги рушеше сите планови. Новите научни сознанија ги рушеа дотогашните догми во општеството. Со своето непристојно однесување, таа го рушеше угледот на семејството.

3. (прен.) За здравје ‒ уништува. Поради тоа што многу пиеше, тој го рушеше своето здравје.

Коњугација: рушат.

Изведени зборови:

  • рушење, глаг. им. ср.
  • се ~ руши, 1. Се претвора во урнатини, се урива. Од бомбите се рушеа куќите, мостовите, болниците, фабриките. Од силниот ветер се рушеа покривите на многу објекти. 2. (прен.) Пропаѓа, се уништува, се нарушува. Здравјето се руши со неправилна исхрана. Се руши сонот за поубав живот.

Оригинални податоци:

руши, рушат несв. 1. Претвора во урнатини, разурнува, урива. Градежните работници ја рушеа старата зграда. Ураганот рушеше куќи, далноводи. 2. (прен.) Прави нешто да пропадне, собори режим, план и др.; побие, обессили. Тој му ги рушеше сите планови. Новите научни сознанија ги рушеа дотогашните догми во општеството. Со своето непристојно однесување, таа го рушеше угледот на семејството. 3. (прен.) За здравје ‒ уништува. Поради тоа што многу пиеше, тој го рушеше своето здравје. ● се ~ 1. Се претвора во урнатини, се урива. Од бомбите се рушеа куќите, мостовите, болниците, фабриките. Од силниот ветер се рушеа покривите на многу објекти. 2. (прен.) Пропаѓа, се уништува, се нарушува. Здравјето се руши со неправилна исхрана. Се руши сонот за поубав живот. ‖ глаг. им. рушење ср.