рутина

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на рутина:

1. Вештина во работењето стекната со искуство, со вежбање. Таа работа бара рутина. Уште нема рутина во работењето. Таму стекна рутина.

2. Работа што се врши секогаш на ист начин, по навик, механички, извежбано, по шаблон, по навика, без размислување. Работата ја врши со рутина, без размислување.

Оригинални податоци:

рутина (само едн.) ж. 1. Вештина во работењето стекната со искуство, со вежбање. Таа работа бара рутина. Уште нема рутина во работењето. Таму стекна рутина. 2. Работа што се врши секогаш на ист начин, по навик, механички, извежбано, по шаблон, по навика, без размислување. Работата ја врши со рутина, без размислување.