ружа

Именка, женски род

Ботаника.

Значење на ружа:

1. а) Украсно растение во форма на грмушка, со голем број видови, со трње и со убави цветови во разни бои, со збирен плод во форма на шипинка; роза, трендафил; Rosa. Ружа месечарка. Ружа јазачица. б) Цветот од ова растение. Скина една црвена ружа. Букет ружи. в) Украс, орнамент, везбен мотив и сл. во вид на ова растение. Чаршаф со везени ружи.

2. Украсно дрвенесто растение, со цветови прикрепени на мали дршки на самото стебло; Althaea rosea.

Множина: ружи.

Изведени зборови:

  • ружица, и. ж. мн. ружици; ружичка, мн. ружички дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ружа на ружата ‒ комплимент при дарување ружа на девојка или на жена. Ружа на ветрови ‒ дијаграм што го покажува режимот на ветрови на некое место (правец, јачина и сл.).

Оригинални податоци:

ружа, мн. ружи ж. (бот.) 1. а) Украсно растение во форма на грмушка, со голем број видови, со трње и со убави цветови во разни бои, со збирен плод во форма на шипинка; роза, трендафил; Rosa. Ружа месечарка. Ружа јазачица. б) Цветот од ова растение. Скина една црвена ружа. Букет ружи. в) Украс, орнамент, везбен мотив и сл. во вид на ова растение. Чаршаф со везени ружи. 2. Украсно дрвенесто растение, со цветови прикрепени на мали дршки на самото стебло; Althaea rosea. ◊ Ружа на ружата ‒ комплимент при дарување ружа на девојка или на жена. Ружа на ветрови ‒ дијаграм што го покажува режимот на ветрови на некое место (правец, јачина и сл.). ‖ ружица, мн. ружици; ружичка, мн. ружички ж. дем. и хип.