Оригинални податоци:
с-, (со-) Претставка/префикс 1. За образувања глаголи со значење: а) Едновременост на дејствата или исполнување на едно дејство со друго, при што се подразбираат повеќе учесници во дејството: согласи се, сортачи се, соживее се. б) Движење одозгора надолу или оддалечување од некоја точка: свисне, сведне, свлече се, стркала се. в) Движење од различни места до една заедничка точка: собере, стече. г) Движење по површината на некој предмет: содере, спружи, слупи се. д) Добивање нова особина на предметот, најчесто кај глаголи со именска основа: скисели се, скамени се, смрзне, спитоми, стопли, сцрви. ѓ) Почетна свршеност: свика, срика, снеможе, списка, стрча се. е) Завршна свршеност: скара (се), скорне, скрие се, смисли, соџвака. 2. Само префиксот со-. За образување именки со значење: лице што се наоѓа во меѓусебен однос со лицето именувано со мотивирачката именка (соавтор, соговорник, сограѓанин, соработник, соборец, соученик).