саат
Значење на саат:
1. (разг.) Единица за време еднаква на шеесет минути; час. Три саати. Неколку саати. За еден саат тргнуваме.
2. (разг.) а) Направа за мерење на времето; часовник. Рачен саат. Златен саат. Саат со синџирче. б) Направа за мерење електрична струја, вода итн. Ни го смениja саатот за струја.
3. Миг, момент. Во истиот саат и таа мислеше на него. Од тој саат му поминале болките.
4. Мерка за растојание; час. Селото беше на три саати. Местото беше на саат од градот.
Множина: саати.
Фразеолошки израз / поговорка:
Виде / разбра колку е саатот – сфати, разбра во што е работата, за што станува збор. Му дојде саатот – дојде некому крајот, претсмртниот час, нема надеж. Со саати – многу долго време. Го чекаа возот со саати.
Оригинални податоци:
саат, мн. саати м. 1. (разг.) Единица за време еднаква на шеесет минути; час. Три саати. Неколку саати. За еден саат тргнуваме. 2. (разг.) а) Направа за мерење на времето; часовник. Рачен саат. Златен саат. Саат со синџирче. б) Направа за мерење електрична струја, вода итн. Ни го смениja саатот за струја. 3. Миг, момент. Во истиот саат и таа мислеше на него. Од тој саат му поминале болките. 4. Мерка за растојание; сп. час. Селото беше на три саати. Местото беше на саат од градот. ◊ Виде / разбра колку е саатот – сфати, разбра во што е работата, за што станува збор. Му дојде саатот – дојде некому крајот, претсмртниот час, нема надеж. Со саати – многу долго време. Го чекаа возот со саати.