сабја
Значење на сабја:
Студено оружје од челик со издолжена форма, кај сечилото малку закривена, што се носи на ремен на колковите и се чува во корици. Остра сабја. Сабја со позлатена рачка. Замавна со сабјата.Множина: сабји.
Изведени зборови:
- сабјиче, и. ср.
- сабјичка, и. ж. дем.
- сабјиште, и. ср. аугм. и пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Наведната (покорна) глава сабја не сече – тој што не се спротиставува не страда. Јазикот е поостар од сабјата – навредата со збор може да нанесе поголема болка од физичкото повредување.
Оригинални податоци:
сабја, мн. сабји ж. Студено оружје од челик со издолжена форма, кај сечилото малку закривена, што се носи на ремен на колковите и се чува во корици. Остра сабја. Сабја со позлатена рачка. Замавна со сабјата. ◊ Наведната (покорна) глава сабја не сече – тој што не се спротиставува не страда. Јазикот е поостар од сабјата – навредата со збор може да нанесе поголема болка од физичкото повредување. ‖ сабјиче, мн. сабјичиња ср. ‖ сабјичка, мн. сабјички ж. дем. ‖ сабјиште, мн. сабјишта ср. аугм. и пејор.