сач

Именка, машки род

Значење на сач:

Метална, кована поклопка што се става врз подница, тепсија во која се пече леб, зелник и др.; вршник. Погача под сач.

Множина: сачови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Надвор е сач / како под сач – многу жешко.

Оригинални податоци:

сач, мн. сачови м. Метална, кована поклопка што се става врз подница, тепсија во која се пече леб, зелник и др.; вршник. Погача под сач. ◊ Надвор е сач / како под сач – многу жешко.