сад 1

Именка, машки род

Значење на сад:

1. Посатка во кујна. Стаклен сад. Огноотпорен сад. Емајлирани садови.

2. (анат.) Орган во вид на цевка низ која се движат телесните течности (крв, лимфа) кај човекот и животните. Крвен сад. Лимфен сад.

3. (бот.) Орган кај растенијата низ кој се движи водата. Коренов сад. Тоа растение има развиено многу садови поради местата на коишто опстојува.

Множина: садови.

Изведени зборови:

  • саде, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Киселината лута на садот свој му носи штета – лошиот си наштетува и себеси. Врзани садови – во физиката: закон за врзани садови – докажан факт дека течноста во врзаните (споените) садови секогаш е на исто ниво.

Оригинални податоци:

сад1, мн. садови м. 1. Посатка во кујна. Стаклен сад. Огноотпорен сад. Емајлирани садови. 2. (анат.) Орган во вид на цевка низ која се движат телесните течности (крв, лимфа) кај човекот и животните. Крвен сад. Лимфен сад. 3. (бот.) Орган кај растенијата низ кој се движи водата. Коренов сад. Тоа растение има развиено многу садови поради местата на коишто опстојува. ◊ Киселината лута на садот свој му носи штета – лошиот си наштетува и себеси. Врзани садови – во физиката: закон за врзани садови – докажан факт дека течноста во врзаните (споените) садови секогаш е на исто ниво. ‖ саде, мн. садиња ср. дем.