сакат
Значење на сакат:
1. Што е со повредена рака или нога. Сакат старец. Многумина од војната излегоа сакати.
2. (прен.) Што има недостатоци, што не потполн. Сакато образложение. Сакати факти.
Членувана форма: сакатиот.
Изведени зборови:
- сакато, прил. Со недостатоци, повредено, оштетено. Се довлечка сакато.
- сакатост, и. ж.
Оригинални податоци:
сакат, сакатиот прид. 1. Што е со повредена рака или нога. Сакат старец. Многумина од војната излегоа сакати. 2. (прен.) Што има недостатоци, што не потполн. Сакато образложение. Сакати факти. ‖ сакато прил. Со недостатоци, повредено, оштетено. Се довлечка сакато. ‖ сакатост ж.