салон

Именка, машки род

Значење на салон:

1. Голема, пространа просторија уредена за примање гости; гостинска соба. Огромен салон исполнет со светлина. Гостите влегоа во салонот.

2. Работна просторија во којашто се даваат фризерски, кројачки и други услуги. Козметички салон. Машки кројачки салон. Во приземјето на зградата имаше фризерски салон.

3. Просторија за изложување и продажба на уметнички или модни производи. Моден салон. Салонот беше полн со луѓе кои мирно го очекуваа почетокот на изложбата.

Множина: салони.

Изведени зборови:

  • салонче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

салон, мн. салони м. 1. Голема, пространа просторија уредена за примање гости; гостинска соба. Огромен салон исполнет со светлина. Гостите влегоа во салонот. 2. Работна просторија во којашто се даваат фризерски, кројачки и други услуги. Козметички салон. Машки кројачки салон. Во приземјето на зградата имаше фризерски салон. 3. Просторија за изложување и продажба на уметнички или модни производи. Моден салон. Салонот беше полн со луѓе кои мирно го очекуваа почетокот на изложбата. ‖ салонче, мн. салончиња ср. дем.