сам
Значење на сам:
1. Што го врши глаголското дејство како единка, лично, без други. Сам го одржува зеленилото. Често си шеташе сам. Сам остана во собата.
2. прид. Што живее сам, без блиски, осамен. Родителите ги оставиле сами. Така сам го проживеа векот.
3. Што е без туѓа помош, без поддршка, поттик од некого. Сам си го купил станот. Од мал сам си го вадел лебот. Сам научил да плива. Самиот ми го кажа тоа.
4. Со именка или лична заменка, за истакнување на важноста, на значењето на некој или нешто. И самиот директор да е пред мене, јас пак ќе го кажам истото. Самиот тој му ја врачил поканата.
5. Само членувано, со именки или лични заменки – за укажување на означеното со нив. Во рамките на самиот натпревар се случија неколку инциденти. Ја напуштија салата пред самиот крај на приредбата. Се судриле пред самиот семафор. Самите тие го предложија тоа.
6. Во самостојна употреба наместо именка или лична заменка. Ќе кажеше еднаш, а потоа самиот се зафаќаше со работа. Не можеш да му помогнеш ако сам не се погрижи.
Членувана форма: самиот.
Изведени зборови:
- самичок, прид. самичкиот -- саменичок, саменичкиот хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сам со себе – означува дека дејството не излегува надвор од субјектот. Си зборува сам со себе. Се шегува сам со себе. Сам од себе – без дејство, влијание однадвор, отстрана. Сам по себе – јасно е, се разбира и сл. без да се објаснува, докажува. Сам-самичок – (разг.) сосема сам. Се надмина самиот себеси – направи, постигне повеќе од очекуваното, се покаже поспособен и сл.
Оригинални податоци:
сам, самиот зам. прид. 1. Што го врши глаголското дејство како единка, лично, без други. Сам го одржува зеленилото. Често си шеташе сам. Сам остана во собата. 2. прид. Што живее сам, без блиски, осамен. Родителите ги оставиле сами. Така сам го проживеа векот. 3. Што е без туѓа помош, без поддршка, поттик од некого. Сам си го купил станот. Од мал сам си го вадел лебот. Сам научил да плива. Самиот ми го кажа тоа. 4. Со именка или лична заменка, за истакнување на важноста, на значењето на некој или нешто. И самиот директор да е пред мене, јас пак ќе го кажам истото. Самиот тој му ја врачил поканата. 5. Само членувано, со именки или лични заменки – за укажување на означеното со нив. Во рамките на самиот натпревар се случија неколку инциденти. Ја напуштија салата пред самиот крај на приредбата. Се судриле пред самиот семафор. Самите тие го предложија тоа. 6. Во самостојна употреба наместо именка или лична заменка. Ќе кажеше еднаш, а потоа самиот се зафаќаше со работа. Не можеш да му помогнеш ако сам не се погрижи. ◊ Сам со себе – означува дека дејството не излегува надвор од субјектот. Си зборува сам со себе. Се шегува сам со себе. Сам од себе – без дејство, влијание однадвор, отстрана. Сам по себе – јасно е, се разбира и сл. без да се објаснува, докажува. Сам-самичок – (разг.) сосема сам. Се надмина самиот себеси – направи, постигне повеќе од очекуваното, се покаже поспособен и сл. ‖ самичок, самичкиот прид. / саменичок, саменичкиот прид. хип.