самари

Глагол, свршен и несвршен

Значење на самари:

1. Стави, става самар на животно (коњ, магаре); насамари Дрварите ги самареа добиците и се подготвуваа за тргнување.

2. Стави, става товар на грбот на животно (коњ, магаре). Го самарија магарето премногу, па тоа не го издржа патот.

3. (прен.) Даде, дава премногу задачи, обврски некому. Ме самарија со работа, немам ни минута слободно време.

4. (разг. прен.) Направи будала некого; насамари 2. Го самареа кутриот човек. До кога мислиш да ме самариш?

Коњугација: самарат.

Изведени зборови:

  • самарење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

самари, самарат св. и несв. 1. Стави, става самар на животно (коњ, магаре); сп. насамари 1. Дрварите ги самареа добиците и се подготвуваа за тргнување. 2. Стави, става товар на грбот на животно (коњ, магаре). Го самарија магарето премногу, па тоа не го издржа патот. 3. (прен.) Даде, дава премногу задачи, обврски некому. Ме самарија со работа, немам ни минута слободно време. 4. (разг. прен.) Направи будала некого; сп. насамари 2. Го самареа кутриот човек. До кога мислиш да ме самариш? ‖ глаг. им. самарење ср.