само 1
Значење на само:
1. Точно толку, не повеќе на единственоста, исклучителноста на нешто. Сите ученици стоеја, само еден не се помрдна од местото. Таква можност се нуди само еднаш.
2. Единствено, исклучиво. Таа само сакаше да помогне, ама не успеа. Животот му беше само едно големо страдање. Наутро не јадеше, пиеше само кафе. Во душата ѝ остана само празнина. Ништо не кажа, само ги погледна.
3. Уште. Само да се собереме сите и тргнуваме. Само да ја заклучи вратата и ќе слезе.
4. Постојано, непрекинато. Бабата целата избезумена само повторуваше една иста реченица. Не се доискажа, само го прекинуваа. Кога и да ме сретне, само поздрави му праќа.
Оригинални податоци:
само1 прил. 1. Точно толку, не повеќе на единственоста, исклучителноста на нешто. Сите ученици стоеја, само еден не се помрдна од местото. Таква можност се нуди само еднаш. 2. Единствено, исклучиво. Таа само сакаше да помогне, ама не успеа. Животот му беше само едно големо страдање. Наутро не јадеше, пиеше само кафе. Во душата ѝ остана само празнина. Ништо не кажа, само ги погледна. 3. Уште. Само да се собереме сите и тргнуваме. Само да ја заклучи вратата и ќе слезе. 4. Постојано, непрекинато. Бабата целата избезумена само повторуваше една иста реченица. Не се доискажа, само го прекинуваа. Кога и да ме сретне, само поздрави му праќа.