само 2
Значење на само:
1. Исклучување, изземање, освен; обично едната реченица е негирана и се укажува на отсуство на предмет, лице или дејство по исклучок. Сите дојдоа, само тој не дојде. Сите деца си играа во градината, само тие седеа во училницата. Ништо не кажа, само се насмевна.
2. Спротивност, за поврзување делови што се спротивно поставени, но, ама, туку. Тој со своето однесување одговори, само кој знаеше да го разбере. Ова не е прослава, само мала веселба да се означи чинот.
3. Ограничување, предупредување. Речи му, само гледај да не го налутиш. – Оди, само побрзај да не задоцниш.
Фразеолошки израз / поговорка:
Само што – а) Вршење дејност и покрај неповолен услов, резултат и сл. Се лекува, само што тоа многу не му помага. Се грижи за сите, само што никој не му признава. б) Со временско значење. Тој само што го пречекори прагот, се урна на подот. Само што дојде, сите си отидоа. Се збуни само што му го чу гласот. Само што ги затвори очите, го слушна него. Само да + глагол – со значење услов, закана, желба, изненадување и др. Само да се сретнеме, ништо друго не сакам. Ќе види тој, само да го фатам. Само да дојде, сите ќе се смират. Само да ја видам еднаш, и да умрам, не жалам. Само да го видиш колкав пораснал. – Само да го чуеш како пее! Само ако – со значење услов. Само ако сака, сите ќе го слушаат. Само кога – со временско значење- Само кога тој е тука, тие се мирни. Не само што ... туку и (но и, ама и, ами и) ... – во составот на сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Не само што ја видов туку и кафе пиев со неа. Не само што не дојде туку и не се јави. Не само што беа немирни туку и правеа лоши работи. ...
Оригинални податоци:
само2 сврз. 1. Исклучување, изземање, освен; обично едната реченица е негирана и се укажува на отсуство на предмет, лице или дејство по исклучок. Сите дојдоа, само тој не дојде. Сите деца си играа во градината, само тие седеа во училницата. Ништо не кажа, само се насмевна. 2. Спротивност, за поврзување делови што се спротивно поставени, но, ама, туку. Тој со своето однесување одговори, само кој знаеше да го разбере. Ова не е прослава, само мала веселба да се означи чинот. 3. Ограничување, предупредување. Речи му, само гледај да не го налутиш. – Оди, само побрзај да не задоцниш. ◊ Само што – а) Вршење дејност и покрај неповолен услов, резултат и сл. Се лекува, само што тоа многу не му помага. Се грижи за сите, само што никој не му признава. б) Со временско значење. Тој само што го пречекори прагот, се урна на подот. Само што дојде, сите си отидоа. Се збуни само што му го чу гласот. Само што ги затвори очите, го слушна него. Само да + глагол – со значење услов, закана, желба, изненадување и др. Само да се сретнеме, ништо друго не сакам. Ќе види тој, само да го фатам. Само да дојде, сите ќе се смират. Само да ја видам еднаш, и да умрам, не жалам. Само да го видиш колкав пораснал. – Само да го чуеш како пее! Само ако – со значење услов. Само ако сака, сите ќе го слушаат. Само кога – со временско значење- Само кога тој е тука, тие се мирни. Не само што ... туку и (но и, ама и, ами и) ... – во составот на сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Не само што ја видов туку и кафе пиев со неа. Не само што не дојде туку и не се јави. Не само што беа немирни туку и правеа лоши работи. ...