само 3
Значење на само:
1. Со именки и заменки, со значење единствено, исклучиво. Само мајстор може да го поправи тоа. Само тој може да ти помогне.
2. Не, ништо друго освен тоа. Само разговараат, а не работат. Само ветуваат, а ништо.
3. Покриен, во голема мера, сиот опфатен од тоа што значи именката (обично кал, вода, нечистотија итн.) Се направил само кал. Улиците се само дупки. Кај да погледнеш, само вода.
4. Во составот само и само означува цврста решеност, по секоја цена да се постигне целта. Тоа ја опседнуваше, само и само да биде таму вечер. Сè ќе направи, само и само да ги изучи децата.
5. Во разни контексти иде со значења: потсилување – Само дојдете, па ќе се договориме. Ти само плати го, јас ќе го донесам. – Само, чекај малку!; закана – Само ако ми падне в раце! – Само ако не дојдеш!; негодување – Зошто само ние?! – Зар само вие сакате?!; обусловена готовност – Ти само кажи, веднаш доаѓам.; желба – Само да ми оздрави детето. Само да можам да го видам.
Оригинални податоци:
само3 чест. 1. Со именки и заменки, со значење единствено, исклучиво. Само мајстор може да го поправи тоа. Само тој може да ти помогне. 2. Не, ништо друго освен тоа. Само разговараат, а не работат. Само ветуваат, а ништо. 3. Покриен, во голема мера, сиот опфатен од тоа што значи именката (обично кал, вода, нечистотија итн.) Се направил само кал. Улиците се само дупки. Кај да погледнеш, само вода. 4. Во составот само и само означува цврста решеност, по секоја цена да се постигне целта. Тоа ја опседнуваше, само и само да биде таму вечер. Сè ќе направи, само и само да ги изучи децата. 5. Во разни контексти иде со значења: потсилување – Само дојдете, па ќе се договориме. Ти само плати го, јас ќе го донесам. – Само, чекај малку!; закана – Само ако ми падне в раце! – Само ако не дојдеш!; негодување – Зошто само ние?! – Зар само вие сакате?!; обусловена готовност – Ти само кажи, веднаш доаѓам.; желба – Само да ми оздрави детето. Само да можам да го видам.