Оригинални податоци:
само- Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки. 1. Кај глаголите се јавува со значење автоматски, без помош од страна, вршење, извршување на дејството искажано со коренот на глаголот што е втор дел на сложенката (се самовоспита, се самозалажува, се самокритикува, се самообразува, се самоограничи). 2. Кај именките и придавките означува дека се однесува на самиот себеси тоа што го означува вториот дел од сложената именка, придавка (самодисциплина, саможртва, самозаштита, самоизмама; самосвесен, самоуправен, самопрегорен, самозапалив, самокритичен).