самонабљудува се
Значење на самонабљудува се:
Се набљудува самиот себеси, сопствените мисли и чувства, својата психичка и физичка состојба итн. Таа се самонабљудуваше и го откриваше своето скриено јас.Коњугација: се самонабљудуваат.
Изведени зборови:
- самонабљудување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
самонабљудува се, се самонабљудуваат несв. Се набљудува самиот себеси, сопствените мисли и чувства, својата психичка и физичка состојба итн. Таа се самонабљудуваше и го откриваше своето скриено јас. ‖ глаг. им. самонабљудување ср.