самоорганизира се

Глагол, свршен и несвршен

Значење на самоорганизира се:

Се организира меѓусебно, без туѓа помош, без посредство на органите на власта. Населението се самоорганизира во справувањето со стихијата. Станарите се самоорганизирале при фаќањето на натрапникот.

Коњугација: самоорганизирајќи се, се самоорганизираат .

Изведени зборови:

  • самоорганизирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

самоорганизира се, се самоорганизираат; самоорганизирајќи се св. и несв. Се организира меѓусебно, без туѓа помош, без посредство на органите на власта. Населението се самоорганизира во справувањето со стихијата. Станарите се самоорганизирале при фаќањето на натрапникот. ‖ глаг. им. самоорганизирање ср.