самопрегор

Именка, машки род

Обично во еднина.

Значење на самопрегор:

1. Подготвеност на единката да се жртвува себеси за доброто на други или за општо добро. Работеше со самопрегор.

2. Во име на повисока цел заборавање на сопствените потреби и интереси. Самопрегорот и посветеноста го поттикнуваа да оди понатаму.

Оригинални податоци:

самопрегор (обично во едн.) м. 1. Подготвеност на единката да се жртвува себеси за доброто на други или за општо добро. Работеше со самопрегор. 2. Во име на повисока цел заборавање на сопствените потреби и интереси. Самопрегорот и посветеноста го поттикнуваа да оди понатаму.