самотен
Значење на самотен:
1. Што живее сам, одделен од луѓето. Самотна калуѓерка. Самотен странец.
2. Што се наоѓа некаде на оддалечено место. Самотен бор. Самотна колиба. Самотно планинско езерце.
Членувана форма: самотниот.
Изведени зборови:
- самотно, прил. Самотно седеше на брегот на езерото.
- самотност, и. ж.
Оригинални податоци:
самотен, самотниот прид. 1. Што живее сам, одделен од луѓето. Самотна калуѓерка. Самотен странец. 2. Што се наоѓа некаде на оддалечено место. Самотен бор. Самотна колиба. Самотно планинско езерце. ‖ самотно прил. Самотно седеше на брегот на езерото. ‖ самотност ж.