самотија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на самотија:

1. Живот во осаменост, без општење со луѓето. Затворска самотија. Се плаши од самотија. Живее во самотија.

2. Отсуство на живи суштества. Глува самотија. Тој доброволно ја прифати самотијата.

3. Оддалечено, зафрлено место. Се чудеа како живее во таква самотија. Последните години ги помина во планинска самотија.

Оригинални податоци:

самотија (само едн.) ж. 1. Живот во осаменост, без општење со луѓето. Затворска самотија. Се плаши од самотија. Живее во самотија. 2. Отсуство на живи суштества. Глува самотија. Тој доброволно ја прифати самотијата. 3. Оддалечено, зафрлено место. Се чудеа како живее во таква самотија. Последните години ги помина во планинска самотија.